„Охридскиот рамковен договор, актот кој што ја промени иднината на нашата земја и истовремено беше наш најдобар патоказ за обезбедувањето на стабилноста, одржливоста и конструктивниот дијалог“, смета собранискиот спикер Талат Џафери. Тој вели дека договрот бил предизвик и сам по себе, кој што овозможи Македонија да биде успешна сторија која е пример, не само во нашата земја туку и пошироко, во целиот регион и е договор кој што овозможи простор за третирање на прашања кои беа во однос на почитувањето на правата на сите заедници, правичната и соодветна застапеност, вклучувањето во политичкото и институционалното одлучување и неговата имплементација влијаеше врз подигнувањето на граѓанската свест во насока дека придонесот на секој граѓанин во земјава е еднаков и дека за вистински соживот, заложувањето на секој поединец е повеќе од ценет и добредојден придонес.
„Основањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, официјализацијата на Тетовскиот универзитет, основањето на Универзитетот Мајка Тереза, на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Агенцијата за примена на јазикот, Инспекторатот, именувањето на нашите улици со достоинствени претставници на сите заедниците во земјата и серија други економски, културни и други институции се реалност која е резултат на помирувањето, меѓуетничкото почитување и соработка. Јас, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Артан, Бујар и серија други претставници на чело на домашните институции се реалност.
Ова што ви се обраќам на албански е реалност и знак дека имаме за што да бидеме горди, меѓутоа, никако да сметаме дека сме ја завршиле домашната задача, затоа што, како што вели и слоганот на манифестацијата – „ПОСЛЕ ОХРИД“, затоа што процесот продолжува, предизвиците не се исцрпуваат и нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога ќе ја исполниме и нашата втора стратешка определба и цел, односно, по полноважното членство во Сојузот на НАТО, да почнеме преговори и со Европската Унија, по определувањето на датумот за одржување на првата меѓувладина седница на Република Северна Македонија – Европска унија. И, повторно, ништо не завршува тука! Грижата и обезбедувањето на правата и слободите, се разбира и обврските на секој граѓанин во земјава остануваат сега и засекогаш, прв, втор и последен приоритет на сите нас!“, вели Џафери.