Коментари

„СДСМ тоне во неповрат, тоа го констатираше и анкетата“, Јорданка за анкетата која предвидува водство на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци, ја искоментира анкетата на Националниот демократски институт во која се опфатени и прашања за политичките партии, политичарите и гласањето на избори. На прашањето „Ако на избори излегуваат партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“, 14 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, по 5 отсто за ДУИ и за Левица, 4 за Алијанса/Алтернатива.

„Она што цело време го зборувам, дека незадоволството е огромно, па СДСМ тоне во неповрат и дека нема назад од оваа точка, сега го констатира и анкетата на американскиот институт НДИ. Патем, лани од НДИ им кажаа дека водат. И стварно водеа, направија едвај и нова влада. А, сега, многу заостануваат пред вмровци и на овие избори ќе си пу*ат“, објави Јорданка Ивановска-Јоци.

На почеток