Македонија

Жена од САД со рани од куршуми била донесена во кумановската болница

На 12.08.2021 година во 13.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово била донесена Г.Т.(40) од САД со повреди од огнено оружје.

По преземени мерки и извршени разговори дојдено е до сознание дека нејзин роднина Ш.М.(30) од с.Оризаре, општина Липково, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

На почеток