Коронавирус

ВИДЕО: Се палат маски, се говори против вакцинацијата, се повикува на бунт на протестите против новите мерки

„Никој нема право да ми каже да носам маска“, со оваа порака до присутните се обрати демонстрант на протестите против новите мерки за заштита од коронавирусот. Со транспаренти присутните посочија „Моето тело е мој избор“, „Мое тело божја сопственост“. На протестите сите ги извадија маските, па потоа сечеа и палеа. Побараа оставка од министерот за здравство, Венко Филипче, по што му упатија и низа вулгарни зборови.

„Кинете ги флаери по банки, молови, како за време на Втора светска војна“, побара присутна на протестите. „Ни ја продадоа државата, историјата, единствено што остана е нашата слобода“, рече лице кое се претстави како 20-годишник, па додаде: „Ни ги кршат човековите права, ова е битката меѓу доброто и злото. Ако присилно си се боцнете во раката, кармата ќе ве следи, кармата ќе се одлучи што ќе ви се случува. Ве молам разбудете се“.

По ова, се обрати и друга говорничка, која е против вакцинацијата: „тоа нема статус на вакцина, туку на експериментална инјекција со авторизација за итна употреба. Нема дозвола за редовна употреба. Клиничките студии не завршија. Една од фазите се одвива сега, во овој момент, во живо. Ние сме моментално експериментални глувци. Некој може да прифати, тоа е негово право, но дали е информиран за сите негативни ефекти? Јас мислам не“.

На почеток