Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осуди говорот на омраза на денешните протести против новите мерки и вакцинацијата.
„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, објавија оттаму.
Реакцијата следува откако докторите беа наречени „убијци“ на протестите.
„Убијци, убијци“ ги нарекуваа докторите на протестот против мерките