Коментари

За Беќаровски одлуката за вакцинација 45 дена по прележан ковид е бесмислена

Владината одлука според која имунитетот на лицата кои биле заболени од ковид-19 трае само 45 дена по денот на заразата е целосно бесмислена, смета д-р Нико Беќаровски, кој побара членовите на здравствената комисија на првиот состанок да ја ревидираат бесмисленоста на одлуката за вистински прележаните од ковид-19 и периодот од 45 дена да го заменат заменат со логичните 9-12 месеци.

– Тие луѓе веќе поминаа една голгота, имаат имунитет и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата! Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, доктори, а не политиканти! – напиша на Фејсбук д-р Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

На почеток