Македонија

(ФОТО) Сеча на шума во Галичник, жителите реагираат, никој не ги известил

МЗ Галичник со реакција за сечата на шума во атарот на селото. Тие велат дека не се известени за сечење на опожарената шума и дека ќе шреземат се за да утврдат кој и по чиј налог ја сече шумата.
„Утрово галичани ги разбуди звукот на моторни пили. Се сечеше шумата која за Велигден изгоре над Галичник, пред години садена и вардена од галичани. Месна заедница Галичник не беше ниту официјално ниту неофицијално известена дека било кој надлежен орган издал налог за сечење на опожарената шума. Воедно, МЗГ нема информација за било каков став во однос на понатамошното постапување со дрвната маса собрана од галичкиот орман. По пријава од загрижени граѓани, увид на лице место изврши полиција, но не ги затекна дрвосечачите кои пред да пристигне полицијата го напуштиле местото.
Ве известуваме дека ставот на МЗГ во однос на нерегулираната и нетранспарентна сеча е бескомпромисен, и дека ќе преземеме сѐ за да утврдиме кој, зошто, по чиј налог сече шума во атарот на Галичник, и како ќе се постапува со дрвната маса, и тоа во интерес на Галичник и галичани“, стои во објавата на Фејсбук.
На почеток