Коментари

Апасиев со нов удар за ВМРО-ДПМНЕ: Мрш бре таму, копуци

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев одново со критики за ВМРО-ДПМНЕ.

„Настраниот однос помеѓу ДПМНЕ (+ нивните куртон-медиуми) и Левица најарно го опиша пратеникот Крмов. Ми вика, брат, се осеќам ко у некоја мазохистичка веза со овие, каде ние како некоја домаќинка го јадеме ќотекот, ама за доброто на фамилијата (државата) не го пријавуеме мажот у полиција!? Значи, ставот на ДПМНЕ vis-à-vis Левица е следниов: „Ние кога ве плукаме е за доброто на нацијата. Вие кога се браните – не! Ние кога ве местиме во закони е, исто така, за доброто на нацијата. Вие кога се буните – не!“ p.s. Мрш бре таму, копуци“, напиша Апасиев.

На почеток