Македонија

Одново се зголеми бројот на Авганистанци кои треба да дојдат во Македонија

МАКЕДОНИЈАНаместо најавените 650, земјава ќе згрижи 780 бегалци од АвганистанОбјавено пред 2 минути – 25 август, 2021Од Маја Илиевска-Пачемска

Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од вчера се искачила од досегашните 650 на 780, соопшти денес владиниот портпарол Душко Арсовски. Ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.

„Според последните податоци, бидејќи бројките се сменија од вчера, 780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје“, рече портпаролот Арсовски.

На почеток