По гласините дека актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ нема да биде повторно кандидат на СДСМ, многу реакции и во јавноста. Се поизвесно е дека Горан Герасимовски, директор на Државниот завод за индустриска сопственост ќе биде кандидат за локалните избори. По ова, со реакција се јави и Јорданка Ивановска-Јоци.
„Српче испуши, СДСМ кандидира за Центар анонимус, за кој е најавена кривична пријава од приватна фирма за нанесена штета на бренд! Можам само да констатирам дека СДСМ многу ги потцени гласачите на Центар, ги израмнува со бројки, а не со интелектуалци и може да биде ,,тепан” ко вол у купус од професорката Котлар, предлог на вмровци. На советнички листи, секако губат од вмровци и од независните на чело со Белчева“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци.
