Професорката Мирјана Најчевска смета дека заложбите на Шарената револуција можат да се имплементираат преку локалната власт, на изборите во октомври.
„Да се разбереме. Шарената револуција беше најубавото и најпрогресивното нешто што и се случило на Македонија од 1991 година. Таа ја покажа разноликоста на политичката сцена и во исто време обединетоста во генералниот идеолошки правец на развој. На површина исфрли прекрасни ликови со неверојатни идеи и заложби. Партиите кои дојдоа на власт по Шарената револуција не го искористија целокупниот човечки потенцијал кој им беше ставен на тацна, за да направат промени какви што требаше да се направат. Сега е момент да се искористи барем дел од тие луѓе кои можат да го внесат духот на Шарената револуција во локалното управување“, пишува Најчевска.