Бизнисменот Орце Камчев поднесе нова гаранција до судот, со која бара да излезе од притвор од истражниот затвор „Скопје“, одреден за случајот „Плацевите на Водно“, пишува Фокус. Гаранцијата, како што појаснуваат за „Фокус“ од Обвинителството се состои од имот во вредност од 1,7 милиони евра и готовина од 200.000 долари.
-Предлог гаранцијата се состои од недвижен имот во противвредност од 1.718.701 евра и готови парични средства во износ од 200.000 американски долари, одговорија од Обвинителството за „Фокус“.