Македонија

Последна шанса за да не се блокира наставата од септември, се бара да се учи од старата програма

Без разлика дали ќе биде наставата онлајн или во далечина, учениците нема да учат од новите програми по новите реформи, ниту да учат содржини за кои не е дадена согласност, но нема да учат ниту од електронски уреди туку од учебници. Ова го кажа Драган Спасевска, во име на групата родители здружени под мотото „Учебници и настава мора да има“. Таа потенцираше дека нема да дозволи ниту нејзините деца да изучуваат материјал од нова програма.

„Ние како родители дојдовме да го изразиме револтот против така наречените реформи. Со оваа постапка се оди против европските регулативи и стандарди кои го уредуваат образованието. Се ограничува правото на избор на родителот за образованието на неговото дете. Овде сме да и почараме на министерката дека оваа постапка е противуставна и противзаконска. Се припремаат претставки до Уставен суд. Законите и концепцијата се изменети и дополнети во време на оваа Влада. Претставката е за индивидуална одговорност на министерката и Министерството и колективна одговорност на Владата. Ќе доставиме барање за суспензивно вето. Ние како родители ако не ја стопираме постапката и да го решиме овој проблем национално, продолжуваме во Стразбург. Ќе бараме одговорност и санкции од надлежните. Како инцијатива броиме повеќе од 80 илјади членови, а средба со министерката до сега немало, бега од конфронтација. Ништо од побараното не е земено во превид“, рече Спасевска.

Според Спасевска, смета тоа што всушност содржински ќе се изучува бидејќи како што вели: „родово сензитивни содржини ќе се учат од најмала возраст и тие содржини на сеопфатно сексуално образование, тоа е дел од новата концепција“.

На почеток