По краток дожд, се поплави населеното место Волково во општината Ѓорче Петров. Водата од дождот се разлева насекаде, а автомобилите ги прскаат и пешаците кои минуваат поради тоа што нема каде да се излее. Граѓаните се револтирани бидејќи проблемот со години не им се решава. Ваква е сликата и во соседните места како Орман и Геге односно населбата Даме Груев по споредните улици.
„21 – век Волково нема што нема ! Нема асфалт, нема канализација, нема водовод, нема атмосферска канализација ! А таму каде што има, шахтите се полни, се молиме да не заврне зошто ни враќа дома. Имаме пораки во инбокс од многу поплавени улици, Лука Геров, Мис Стон, Арсо Мицков, Рафаело Батино“, пишува на фејсбук страната Ѓорче Петров.