„Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели! Еди Рама и Зоран Заев“, напиша денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм и објави фотографија со премиерите на Македонија и Албанија.
View this post on Instagram
Вучиќ организираше вечера за Заев и Рама во ресторанот „Земоно“ на конзулот на Србија во Словенија, Томаш Кавчиќ.
Вучиќ, кој утре ќе учествува на Стратешкиот форум Блед, им се заблагодари на Кавчиќ и Словенија за гостопримливоста.
-Се наоѓаме во ресторан „Земоно” на почесниот конзул на Србија Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во„ Земон”, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.
View this post on Instagram