Актуелно

Одобрени руски вакцини против корона, но произведени во Торлак

Рускиот институт Гамилеја одобри употреба на 550.000 вакцини Спутник V, кои беа произведени во Торлак, до 13 август.

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ рече дека Институтот Гамалеја синоќа одобри употреба на вакцини од Торлак, кои, како што вели, се со ист квалитет како и вакцините произведени во Русија.

Тој објасни дека 18 параметри биле контролирани според највисоките светски стандарди и сите покажале одличен резултат, додавајќи дека се контролирани 960 примероци, според сите светски стандарди.

Поповиќ додаде дека вакцините се подготвени за употреба.

На почеток