Скопје

ФОТО: „Заробени“ автомобилите на центарци, не можеа да ги напуштат домовите

Жители на Центар утрово не можеа да ги напуштат домовите со автомобили. Дел од нив останаа заглавени бидејќи Општина Центар поставувајќи заштитни столпчиња, им ги блокираа и излезите од гаражите. Иако целта е да се ослободат тротоарите, беа блокирани и стандарите.

„Другари.. Особено Вие од Центар, најособено од ул. Орце Николов, пазете кај се паркирате! Немојте никако во гаража, пошто излагање само со хилта! Ова на сликиве е од денес. Мајсторите беа пресреќни што им е пуна батеријата на штрафилицата, па малку се заборавија со поставувањето на столпчињата. Град Скопје, Општина Центар генијални сте!“, напиша Наталија Бургиева.

На почеток