Видео и Фото

ВИДЕО: Низ грчка граница се поминува за три минути, низ македонска се чека по еден час – возачите револтирани

Гужви и чекања на граничниот премин „Богородица“, со Грција. Иако од грчка страна се поминува за помалку од три до четири минтуи, веќе на границата за влез во Македонија се чека и по еден час. Возачите се нервозни бидејќи велат ова се случува постојано. Најчесто, заглавени се странци кои само транзитираат преку Македонија. Дел од нив чекаат и надвор од автомобилите, свесни дека поминувањето на границата ќе потрае.

„Ова е катастрофа. Волку долго чекање, нема никаде“, вели револтиран возач од Србија.

Ако се провери страницата на АМСМ, таму стои дека гужва на преминот „Богородица“ воопштно нема и транзитот е нормален. Но, состојбата на терен е поинаква. Зошто се дозволуваат волку долги гужви, засега нема објаснување.

На почеток