Македонија

Апасиев со инсајдерска информација за тие кои се плашат од попис

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев објави информација, за која вели дека е инсајдерска од попишувач на терен во врска со најавените казни за лицата кои ќе одбијат да се попишат.

За оние кои се плашат од казни… Инсајдерска информација од попишувач на терен во Државниот завод за статистика: „Здраво, бидејќи обичниот народ се плаши од казни, граѓаните треба да знаат дека ние имаме само адреси од Катастар, но не знаеме кој живее во куќите/становите – се додека лицето самото не се идентификува. Па, како би можеле ние да казнуваме, кога немаме такви информации, а ни овластувања!? Може да излезе кираџија или гостин, а не газдата на станот. Инаку, на првиот ден имавме константен недостаток и проблеми со апликацијата за попишување“, напиша Апасиев.

Инаку, Левица го бојкотоира пописот бидејќи смета дека е наместен односно фингиран, кој нема да ги даде точните статистички податоци на лица кои живеат во Македонија.

На почеток