Свет

Нови мерки и во Албанија, нема повеќе слободен влез

Или доказ за вакцинација, негативен тест или потврда за прележан вирус треба да приложат сите кои од денеска влегуваат во соседна Албанија. Таму стапија на сила нови мерки, а условите за влез во државата важат и за странските, ама и за албанските државјани.

Доколу на влез се покажува негативен ПЦР тест тој треба да не е постар од 72 часа или антигенски тест не постар од 48 часа.

Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата до шест години се ослободени од тоа.

Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во карантин десет дена. Во Албанија, исто така, во сила е полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.

На почеток