Македонија

Чија е вината за сообраќајката кај Стража во која учествуваше Кичеец, Спасовски вели службите работат

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект на СВР Куманово, одговарајќи на новинарски прашања до каде е истрагата за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец и дали има вклучено српски државјани, рече дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста.

–Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност. Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа  и ако има каква каква било поврзаност, со нешто сомнително за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот.

На почеток