Коментари

Доктор Лазаров бесен: И да немате решение за изолација, не смеете дете да пуштите во училиште ако имате заразен дома

Се повеќе гласини дека деца кои имаат симптоми или пак позитивен брз тест за корона, кој не се регистрира во системот на Министерството за здравство, а немаат решение за изолација, се пуштани во училиште. Всушност, тие можат да го шират вирусот на соучениците и да заразат повеќе лица. Токму затоа реагираше и специјалистот доктор Ненад Лазаров, кој е матичен доктор од Скопје.

„И да немате решение за изолација или позитивен ковид тест, и да имате негативен брз тест од детето, не смеете дете да пуштите на училиште ако во семејството има некој актуелно позитивен! Тоа што шарлатаниве не издаваат на секој решение за изолација ради контакт со позитивен (а живеат во ист стан), не значи дека е безбедно, туку дека надлежните немаат поим од медицина или не им е гајле“, напиша Лазаров.

На почеток