Македонија

Откажани сите настани, Владата на состанок во 10 часот по трагедијата во Тетово

За денеска се откажани повеќе најавени настани, по страшната трагедија кој синоќа се случи во Тетово, кога во пожар во модуларната болница во која беа сместени пациенти со ковид-19, животот го загубија најмалку 14 лица.

Во меѓувреме закажана е итна вонредна седница на Владата од 10 часот утрово.

Претседателот на државата Стево Пендаровски извести дека поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Прес-конференцијата на Фондот за иновации и технолошки развој, која беше најавена за денес во 10 часот е откажана.

Од Министерството за животна средина информираа дека се одложува настанот за инаугурација на новиот национален парк Шар Планина, кој требаше да се одржи на Попова Шапка.

Од Министерството за образование и наука исто така утрово известија дека посетата на министерката за образование и наука Мила Царовска на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров, која беше предвидена за денес во 10:00 часот, се откажува.

На почеток