Македонија

Вучиќ: Србија е подготвена да и пружи братска помош на Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска упати сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Тетово и рече дека Србија ја споделува огромната болка со народот во Македонија и дека е подготвена да обезбеди братска помош за оваа земја. Вучиќ на Твитер изјави дека е крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово.

– Споделуваме огромна болка со луѓето од Македонија, подготвени сме да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Македонија, кои беа повредени – рече Вучиќ.

Најмалку 14 лица загинаа во пожар што ја зафати модуларната ковид болница во Тетово.

На почеток