Македонија

Апасиев до Заев и Филипче по пожарот: Дури Миле имаше доблест за оставка од морални причини-имате ли образ?

Лидерот на политичката партија Левица, се огласи по трагедијата во Тетово каде загинаа најмалку 14 лица. Тој бара оставки и одговорност од Заев и Филипче.

Дури и еден Миле (Ми Текна) Јанакиески, после бродската несреќа у Охрид, имаше доблест да си даде ОСТАВКА од морални причини…
ФИЛИПЧЕ и ЗАЕВ – имате ли образ бе? Ова што се случи со импровизираната Ковид болница во Тетово е директна последица на вашата институционална корупција, која ја воспоставивте како систем во јавното здравство. Оставките се само првиот чекор. Одговорноста за крими-тендерите е вториот!
#ОставкиИОдговорност

На почеток