Ситуацијата за случајот со Зоран Милески Кичеец има многу апсурди, од човечки и од правен аспект и бара целосно испитување, вели шефот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
– Не сум чул, не сум прочитал некаде во светот дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Барем да го возел затворското комбе, па ќе речеме дека ете работи на таа позиција. Згора на тоа бил со двајца странски државјани, посебно ме интересира дали можеби еден од нив има и двојно државјанство. Како правник не можам да разберам како на човек кој е во затвор, му давате мерка притвор. Тој треба да се врати во затвор за да го обезбедите неговото присуство – рече Пендаровски.
