Зорен Милески Кичеец од притворското оделение во затворот Шуто Оризари вечерва е транспортиран во затворот во Струга.
Милески доцна попладнево бил вратен во струшкиот затвор за издржување на веќе изречената казна за случајот „Рекет“ во кој ја призна вината, потврдуваат за ТВ 24.
Гостиварскиот апелационен суд го укина 30 дневниот притвор, кој почна да тече на 7 септември.
Причина за да му одреди притвор беше страшната сообраќајна несреќа кај Стража во саботата, за која Кичеец е осомничен дека ја предизвикал, во која загина 34-годишен гостиварец и седуммина беа повредени.