Емши Ибим за медиумите на албански јазик изјави дека во првиот миг од пожарот се обиделе да го изгаснат, но не нашле противпожарен апарат во модуларната болница.
– Баравме апарати за да го изгаснеме пожарот, но немаше ниту еден, ниту пак систем за гаснење пожари – вели Ибим.
Тој сведочи и дека шест дена се грижел за неговиот татко и брат кои биле во болницата затоа што немало доволно персонал. Тој додава дека пожарот започнла од собата број 3, се проширил во двојката и стигнал до првата. За жал не успеал да ги спаси, а за малку и самиот тој ќе останел внатре.
– Немавме можност ништо да направиме. За малку ќе останав и самиот внатре – вели тој.