Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) најавен од владата, пристигнаа денеска во Тетово, објави ТВ Алсат.
Тие, како што е најавено, ќе помогнат во истрагата за пожарот во ковид центарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.
Тимот е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.