Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја соопшти својата одлука за вчерашната оставка на министерот за здравство, Венко Филипче поради пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 луѓе, објави Сител.
-Да. Ќе го соопштам мој став денеска, е одговорот кој телевизијата го добил од премиерот Заев преку СМС порака.
Претходно Министерот Филипче, заедно со неговиот заменик, Илир Мета како и двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки.