Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи известува дека според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.
РЦУК – Велес, известува дека според информациите добиени од ТППЕ Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл’п, зафаќа површина од околу 200 ha ниско стеблеста шума, трња и габер. На терен се екипа од ШС Бабуна и месно население. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола.