Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа ја поздрави одлуката за оставка на министерот за здравство Венко Филипче по страшната несреќа која се случи во Тетово.
„Ја поздравувам оставката, но инсистирам да има по линија на одговорност и надлежности, бидејќи таму имаме жртви. 14 починати се потврдени, се шпекулира во јавноста дополнително уште една. Не знам дали ќе се потврди тоа, но како и да е имаме жртви, луѓе кои се испратени на лекување, а всушност завршија како што завршија. И ние можеме само да почувствуваме малку од тоа што го чувствуваат семејствата на тие луѓе.
Дополнителна одговорност е како тоа луѓе кои не биле ковид позитивни биле внатре во тој комплекс којшто требал да биде во комплетен карантин, бидејќи ако се сеќавате своевремено јас бев повикан на одговорност и имав кривична пријава само затоа што со ковид возило сум го напуштил домот кога сум бил во самоизолација да се тестирам, а денеска гледаме како ковид позитивни се шетаат по улица бидејќи работата ни излезе од контрола. Но, тоа е. Мора да има одговорност за овој случај“, рече Димитриевски.
