Вицепремиерот Артан Груби преку Фејсбук објава ги искоментира оставките на на заменик-министерот за здравство Илир Хасани и директорот на тетовската болница Фљорин Бесими.
-Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку.
И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството. Тие се со нас и блиску до граѓаните. Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби.
