Свет

Кина му помага на Авганистан со 30 милиони долари

Кина најави пакет помош од речиси 31 милион долари за Авганистан, што е едно од првите нови ветувања за странска помош за земјата под власт на Талибанците.

Помошта ќе вклучува храна, зимски резерви и вакцини против Ковид -19.

„Кина одлучи итно да му обезбеди на Авганистан житни култури, зимски залихи, вакцини и лекови во вредност од 30,96 милиони долари според потребите на авганистанскиот народ“, објави новинската агенција Ксинхуа.

Најавата на пакетот помош стигна истиот ден кога Кина објави дека ќе ја одржува комуникацијата со талибанските лидери, откако тие го направија „неопходниот чекор“ во формирањето на привремена влада, објави Гласот на Америка.

Во разговорите со колегите од Пакистан, Иран и Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека помошта ќе придонесе за обнова на земјата зафатена од војна.

Тој, исто така, рече дека Кина ќе помогне во борбата против тероризмот и трговијата со дрога.

“Кинеската страна придава големо значење на објавувањето на авганистанските талибанци за привремената влада. Ова е неопходен чекор за враќање на домашниот ред и премин кон повоена реконструкција”, рече Веинг, пренесува South China Morning Post.

На почеток