Најмалку три ракети паднаа во близина на меѓународниот аеродром во Ербил, на северот на Ирак, каде што се сместени американските сили, објави безбедносната служба на регионот Куридистан.
Засега не е соопштено дали има жртви или дали е причинета материјална штета, пренесува Ројтерс.
Според сведоците, се слушнале најмалку три експлозии.
#BREAKING: Explosion at Erbil International Airport seen here and air defences firing pic.twitter.com/pineYpBTKn
— ELINT News (@ELINTNews) September 11, 2021
Аеродромот во Ербил беше цел на неколку напади во текот на минатата година.
Американските власти за нападите ги обвинуваат шиитските муслимански сили поддржани од Иран.