Од денеска, бројот на граѓани вакцинирани со третата доза во Белград ќе надмине 100.000, изјави Горан Весиќ, заменик градоначалник на главниот град на Србија.
Според официјалните податоци на Градскиот завод за статистика во Белград, заклучно со вчера, 97.252 лица биле вакцинирани со третата доза, што е 7,02 проценти од возрасната популација, напиша Весиќ на Фејсбук.
“Првата доза ја примија 791.147 лица, што е 57,03 проценти од возрасната популација. Втората доза 763.215 лица, или 55,06 проценти. До вчера, вкупно 1.651.614 дози на вакцина беа потрошени за вакцинација во Белград. Белград победува!” објави Весиќ.
Трета доза може да прими секој кој претходната ја примил пред најмалку шест месеци, а оваа можност во Србија започна на 17 август.