Македонија

СДСМ: Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата

„Тешко лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ чиј почесен претседател е осуденик во бегство, да зборува за правда и борба против криминалот“, велат од СДСМ, кои додаваат: „Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец да зборува за криминал. ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови“.

„Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара. По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон“, додаваат од СДСМ.

На почеток