И покрај ветувањето на талибанците дека нема да ги користат бруталните методи вообичаени за првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година, сѐ повеќе се јавуваат извештаи за одмазда против поранешните авганистански војници и владини претставници, велат борците за човекови права, пренесуваат медиумите во светот.
Во јавноста се појави видео што го докажува тоа, пренесуваат тие.
Civilians – allegedly – Panjshirs detained and put in the trunks of 2 vehicles. The incident happened in Kabul’s Tajik dominated area. pic.twitter.com/wOfYqCHeHa
— Ahmad Mukhtar (@AhMukhtar) September 13, 2021
На снимката се гледа како исламистички борци туркаат непознати млади луѓе во багажници на автомобили во Кабул, главниот град на Авганистан.
Мишел Бахелт, високата комесарка на ОН за човекови права, во понеделникот рече дека видела веродостојни извештаи како талибанските борци оделе од куќа до куќа за да најдат некој што ѝ помогнал на поранешната влада или на Соединетите Американски Држави.
„Службениците што работеа за претходните администрации и членовите на нивните семејства се приведени. Во некои случаи службениците беа ослободени, а во други беа пронајдени мртви“, додаде таа.
Нејзините тврдења беа потврдени со снимка на која се гледа како мажи, облечени како талибанци, апсат четворица млади мажи.
Според дописник на „Иран интернационал“, снимката е направена во квартот Саланг Ват во Кабул, а киднапираните мажи се од Паншир, провинција што од неодамна паднала во рацете на талибанците.