„Заев, Филипче и Хасани да си дадат оставки, само така ќе имаме непристрасна истрага која ќе даде одговор на сите прашања, на кои премиерот, министерот за здравство и неговиот заменик не сакаат да им го слушнат одговорот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев, Филипче и Хасани знаат, но постои опасност дека нема да сакаат да се дознае:
– Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагат
Време е за одговори и одговорност. Време е за оставки од Заев, Филипче и Хасани, а потоа за независна и непристрасна истрага од која ќе се утврди вина.
Со Заев, Филипче и Хасани на позиција постои опасност одговор на поставените прашања воопшто и да не добиеме“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.