Коронавирус

Украдени 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз. Поднесена е жалба до обвинителството, соопшти здравствената служба на париските болници.

Нападот погоди област каде што беа складирани лабораториски податоци за пренос до фондовите за здравствено осигурување и до здравствените власти. Украдените податоци се на луѓе од Париз, кои биле тестирани за коронавирус во летото. Податоците ги вклучуваат имињата на граѓаните, нивните броеви за здравствено осигурување и резултатите од тестовите.

Националната база на податоци за резултати од тестови за коронавирус не беше погодена од нападот.

На почеток