Деветнаесетгодишна девојка добила тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај селото Желино.
Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е. К. (19) од селото Требош, и товарно моторно возило „сканија“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ. Т. (50) од селото Сараќино.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила Е. К. констатирани во Клиничката болница Тетово“, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово.