„Кој вели дека кај нас нема принцези? Еве Ѓурѓица е една од нив.“ И тоа храбра принцеза која ја води најтешката животна битка со голема насмевка на лицето. Браво Ѓурѓица и браво хумани организации и луѓе за изненадувањето!
Ѓурѓица е нашиот херој на денот. Таа периодов ја води најтешката битка во животот, но тоа не ја спречува да има насмевка на лицето.
„Кој вели дека кај нас нема принцези ? Еве Ѓурѓица е една од нив.
Нејзиното височество за роденден посака перика, се разбира САНО, Клиниката за детски болести и Медикус хелп со голема радост и ја исполнија желбата
Каков убав ден за роденден. *фотографиите се објавени со дозвола на родител“, објавија од САНО.
