Гори нискостеблестата шума над Плетвар, на потегот од селата Смолани и Радобил, а десет пожарникари и седуммина вработени во Македонски шуми успеале да го локализираат, јавува Телма.
За среќа, патот на Плетвар е прооден. Иако пожарот продолжува да гори на непристапен терен, жителите од околните села засега не се во опасност, информирале од Територијалната противпожарна единица од Прилеп.