Македонија

Никој од затворениците и притворениците не е пуштен по волја на кој било од власта, тврди Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на Сител рече дека никој од затворениците и притворениците не бил пуштен поради волја на кој било од власта.

– Сите луѓе се под контрола на системот. Сите имаат определен статус кој го определил судот на барање на Јавното обвинителство или по свое наоѓање. Сите тие лица кога имало потреба да се движат, тоа го прават под строго контролирани услови под надзор и со одобрение на Судот. Никој од нив не е пуштен по волја на кој било од власта – истакна Маричиќ.

Тој рече дека е сосема нормално во демократските држави лица кои имаат здравствени проблеми, а кои се на издржување казна затвор или притвор, да имаат право на лекарска нега.

На почеток