Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. УХМР соопшти дека преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И утре ќе биде претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Попладне умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Температурата ќе се намали за неколку степени, особено во северните делови.