Македонија

Нема другарче криминалец на Заев кој не е на слобода, Маричиќ дрво декор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Маричиќ е еден од низата неспособни министри на Зоран Заев. Криминалците другарчиња на Заев наместо во затвор, слободно шетаат по улиците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Рашковски, верниот пријател на Заев, фатен до гуша во криминал, наместо да е во затвор се шета на слобода. Ваков третман Рашковски го ужива бидејќи е еден од притворените луѓе на Заев.

Само во државава осудени криминалци наместо во затвор одат во притвор и не седат таму зошто ја имаат заштитата од власта.

Сите ликови од случајот „Рекет“ се на слобода.

А, на слобода е и шверцерот Боро Малборо.

Иако Ден Дончев беше фатен со туце пари, воопшто не одговараше пред лицето на правдата туку веднаш замина за Австралија.

Додека Зоран Заев е на власт и Бојан Маричиќ министер за правда, Македонија нема да е правна држава.

Со Заев и Маричиќ криминалците никогаш нема да се соочат со правдата.

Заев и Маричиќ кога тогаш ќе се соочат со правдата и ќе одговараат за криминалците кои ги пуштиле на слобода“, се вели во соопштението.

На почеток