Свет

Земјотрес во Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Лос Анџелес и околината, објави Американскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот, кој се случи околу 20 часот по локално време, најмногу се почувствува во градот Карсон и се работи за умерен земјотрес, пренесува Ројтерс.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

На почеток