Свет

Рекордно ниска излезност во Русија: Гласаа само 16,85% на првиот ден од изборите

Вкупниот одѕив на гласачите на изборите за Државната дума на Русија до 20 часот по московско време е 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија, пренесе ТАСС.

Вчера беше првиот ден од тридневните парламентарни и регионални избори во Русија.

Изборите за 450 пратеници во Думата се одржуваат до 19 септември.

Тие се избираат за петгодишен мандат според мешан изборен систем: 225 пратеници се избираат од партиските листи и уште 225 од едночлени изборни единици во еден круг.

Во исто време, девет руски региони избираат гувернери, 39 региони избираат законодавни тела, а гласачите во 11 градови избираат нови градски собранија.

На почеток