„Неспособната влада предводена од Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче убија 14 лица во модуларната болница во Тетово“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
„Кога Филипче го води здравството резултатот е 14 мртви од пожар во модуларна болница.
Филипче наместо да го организира здравствениот систем за да одговори на корона пандемијата, Филипче организира тендери за модуларни болници кои горат за две минути.
Филипче и во корона пандемија не ги заборава бизнис интересите и провизиите. Затоа резултатот е повеќе од 6.000 лица починати од ковид.
Затоа Филипче и Заев единствено нешто што треба да направат е да не влијаат врз истрагата за модуларната во Тетово. А тоа може да се постигне само со нивно заминување од функциите“.