Свет

Собрани потписи за референдумот за канабис во Италија

Поддржувачите на употреба на канабис во Италија денеска изјавија дека собрале доволно потписи за да започнат референдум за либерализација на неговата употреба, што може да се одржи следната година.

Поддржувачите на референдумот бараат да се легализира одгледувањето „трева“ за лична употреба и да се олеснат санкциите за други злосторства поврзани со канабис, при што сторителите повеќе нема да ризикуваат затворски казни за продажба на мала количина дрога, објави Ројтерс.

Организаторите на петицијата ги собраа потребните 500.000 потписи за седум дена, многу побрзо од вообичаеното поради законот усвоен во јули со кој се овозможува собирање потписи преку Интернет.

Ова е извонреден резултат, но не изненадувачки, рече организациониот комитет на референдумот, кој се состои од многу групи кои се залагаат за либерализација на употребата на „трева“.

Брзината на поддршка покажува желба за промена на политиката за канабис, се вели во соопштението на одборот.

Потписите сега ќе треба официјално да се проверат, а организаторите ги повикаа луѓето да продолжат да ги додаваат своите имиња пред истекот на крајниот рок кон крајот на септември, за да се избегне ризикот од отфрлање на референдумот доколку се утврди дека некои од потписите се неважечки.

На почеток